
Македонскатата репрезентација до 19 години ја совлада селекцијата на Босна и Херцеговина во вториот пријателски натпревар. Денеска во Струмица, Македонија славеше триумф од 2:1.
Најголемите возбудувања во првиот дел се случија после 30 минути игра. По половина час игра, беше досуден пенал за Македонија. Сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Стефан Младеновски кој успеа да ја донесе македонската репрезентација во предност.
Радоста на Македонија траеше три минути, откако Спахиќ со убав удар од дваесетина метри го совлада Бешир и донесе израмнување.
На стартот од вториот дел ново водство за Македонија. Грешка на одбраната на гостите, топката стигна до Игор Ристов, кој успеа да го совлада Каисер и да донесе втора предност за нашата репрезентација на овој натпревар.
До крајот Македонија успеа да го задржи водството, дури имаше и шанси за трет гол, но недостастуваше реализција.
Во првиот меч меѓу овие две селекции пред два дена, Македонија славеше со 2-0 во Радовиш.
МАКЕДОНИЈА до 19 години – БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА до 19 години 2:1 (1:1)
Тренинг центар „Пандев“ во Струмица.
Стрелци: Младеновски (п) 31’, Ристов 49’ (М) – Спахиќ 34’ (БиХ)
МАКЕДОНИЈА: Онус Бешир, Игор Ристов (67’ Флоријан Рочи), Горазд Ристовски (83’ Кренар Хоти), Лука Атанасовски (57’ Каменчо Андоновски), Давид Стојаноски, Емир Шаботиќ (83’ Виктор Делов), Марко Киш (83’ Андреј Мурџески), Стефан Младеновски (57’Дитмир Хоџа), Златко Радески, Абдулах Аслани, Ариф Локи (67’ Ненад Дамјаноски).
Селектор: Ерхан Селими
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Дино Каисер, Јусуф Терзиќ, Данило Вујичиќ, Антонио Араповиќ, Миљан Пантиќ, Амел Авдиќ, Емин Хрњиќ, Махир Бешиќ, Павле Шарац, Хамза Реџиќ, Армин Спахиќ.
Резерви: Тарик Бањиќ, Филип Шакота, Петар Ѓукановиќ, Адмир Гојак, Дарко Башиќ, Кенан Врбан, Дин Рамиќ, Дино Делиќ, Дин Делиќ, Бакир Косо, Амар Цериќ, Малик Колиќ, Бенјамин Зуловиќ.
Селектор: Дубравко Орловиќ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо со новите два гола го надмина Лео Меси

Евро-фудбал
Арсенал еден месец ќе биде без Салиба

Евро-фудбал
Нагелсман: Не стравувам дека ќе добијам отказ

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски
