Офанзивниот играч за врска Џамал Мусиjала се надева дека ќе се врати на терените за Баерн Минхен до крајот на календарската година. Германскиот репрезентативец заработи фрактури на ногата и глуждот во јули, за време на Светското клупско првенство.
22-годишниот Мусијала е клучен играч и за Баерн и за националниот тим на Германија. Повредата ја доби по судир со голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума.
„Напредувам во рехабилитацијата и сè оди според планот. Веќе се ослободив од патериците, но не смееме да брзаме. Сè со свое време. Не сакам да давам конкретен датум за враќањето, но можам да кажам дека се надевам дека ќе играм за Баерн уште оваа календарска година“, изјави тој за „Спорт Билд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













