Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и понатаму е на излезна врата од Валенсија, каде што во изминатиот период немаше голема минутажа. Преодниот рок во Топ 5 лигите заврши, но сѐ уште има можност за трансфери во Турција, Саудиска Арабија.
Новата потенцијална дестинација за него е турскиот гигант Трабзонспор. Седумкратниот шампион на Турција, во чии редови настапуваше и Енис Барди, веќе испратил официјална понуда до Валенсија.
Од Валенсија се подготвени да го продадат Димитриевски, но за да се реализира трансферот бараат сума поголема од 2 милиони евра.
Иако има договор со клубот од Ла Лига е до јуни 2026 година, 31-годишниот голман сака уште летово да ја реши својата иднина и да добие поголема минутажа.
Во својата кариера Столе Димитриевски бранеше за Работнички, Удинезе, Гранада, Кадиз, Гимнастик, Рајо Валјекано, а од минатото лето е дел од Валенсија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













