Романскиот Клуж направи изненадувачки трансфер, ангажирајќи го поранешниот дефанзивец на Челси, Курт Зума. Договорот е потпишан на две години. Тој сега ќе му биде соиграч на македонскиот интернационалец Марко Ѓорѓиевски, кој ова лето од Силекс се пресели во Клуж.
30-годишниот Французин пристигнува како слободен агент, откако му истече договорот со Вест Хем. Минатата сезона играше на позајмица во Ал-Оруба од Саудиска Арабија.
Зума се пресели во Челси од Сент Етјен во летото 2014 година и остана под договор со „сините“ до 2021 година, а во меѓувреме беше позајмен на Стоук и на Евертон.
Во дресот на Челси одигра 151 натпревар, а за Вест Хем 103 мечеви. Зума има и 11 настапи за француската репрезентација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













