Милан гo претстави пред италијанските медиуми своето најново засилувања ова лето, напаѓачот Кристофер Нкунку.
„Кога првпат слушнав за интересот на Милан, веднаш по разговорот со спортскиот директор, не размислував многу – сè ми изгледаше совршено за да дојдам овде. Најмногу ми одговара да играм како офанзивен играч од средниот ред, но тоа зависи од системот и одлуката на тренерот. Кога дојдов во Челси, сè започна добро, но веднаш потоа се повредив и бев надвор од терените со месеци. Потоа следуваше нов мускулен проблем. Во втората сезона се чувствував добро, но тренерот имаше други планови. Сè уште сум истиот играч кој постигна два гола во Бергамо. Не знам колку голови ќе дадам, но ако бројката биде над 15, тоа ќе значи дека сум направил добра работа“, изјави Нкунку.
Тој брзо се вклопи со дел од соиграчите во Милан.
„Важно е што тука веќе имам четворица соиграчи кои ги познавам, тие ќе ми помогнат и на теренот и надвор од него. Сакам брзо да изградиме врска со сите во тимот. Слични карактеристики имам со Рафаел Леао – тој е одличен фудбалер и верувам дека добро ќе се надополнуваме. Мислам дека Милан има одличен состав со силни напаѓачи и секој мора да даде свој придонес. Јас сум подготвен да се адаптирам на барањата на тренерот. Веќе разговаравме пред трансферот и имам позитивен впечаток од него. Моја цел е што побрзо да се вклопам, да тренирам напорно и да се прилагодам на новата средина“, истакна новото засилување за Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













