Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе пораз од Саудиска Арабија со 1-2 во пријателскиот натпревар што се одигра во Прага на стадионот на Викторија Жижков.
По мечот, селекторот Благоја Милевски направи анализа на одиграните 90 минути, со поглед кон квалификацискиот натпревар во Скопје против Лихтенштајн.
„Секако дека имаше моменти кои ме радуваат, особено што успеавме да експериментираме со составот. Добивме нови двајца играчи кои ја зголемуваат конкуренцијата во тимот. Јас веќе го нагласив дека најважен ни е мечот со Лихтенштајн, а сè останато беше подготовка. Одигравме добар натпревар против квалитетен противник и сум среќен што можам да работам со вакви фудбалери. Тие добро се адаптираат на промени во формацијата и задачите. Со Лихтенштајн ќе дадеме максимално, како и на секој натпревар“, изјави селекторот Милевски.
Вечерва репрезентацијата ќе се врати во Скопје, а од утре започнува подготовката за дуелот со Лихтенштајн во рамките на петтото коло од мундијалските квалификации. Мечот ќе се одигра в недела од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













