Connect with us

Трајковски изведе магија, но Македонија го загуби (1-2) тестот со Саудиска Арабија

Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе пораз од Саудиска Арабија со 1-2 во пријателскиот натпревар што се одигра во Прага на стадионот на Викторија Жижков.

Нашиот тим поведе во 40.минута со спектакуларен гол на Александар Трајковски, кој со акробатски удар „ножички“ по нафрлување на Деспотовски ја затресе мрежата на противникот. Меѓутоа, Саудиска Арабија израмни веднаш пред крајот на првиот дел, кога Фирас Ал Брикан реализираше во 45.минута.

Победничкиот погодок за гостите дојде во 78.минута, кога Абдулах Ал Хамдан од далечина го совлада Столе Димитриевски.

Селекторот Благоја Милевски му даде шанса на Лука Станковски да дебитира како стартер, а во второто полувреме на теренот влегоа и Елмин Растодер, Енис Барди и Елиф Елмас, додека дел од постандардните репрезентативци, како капитенот Енис Барди, Елиф Елмас, Бојан Миовски, Дарко Чурлинов и Ѓоко Зајков, започнаа од клупата.

Во првите минути, Саудиска Арабија имаше повеќе посед на топката и прва се закани во 27.минута преку продорот на Ал Обод, кој одлучи за додавање, но Висар Муслиу ја расчисти опасноста. Македонија возврати преку центаршутот на Деспотовски, но Лука Станковски за малку не ја стигна топката. Во 30.минута, Ал Шамат шутираше од далечина, но Димитриевски одбрани.

Голот на Трајковски во 40.минута беше вистинска магија, но непосредно пред одморот Саудијците израмнија преку Ал Брикан.


Во второто полувреме имаше повеќе замени на двете страни, но нови голови немаше до 78.минута, кога Ал Хамдан постигна одличен погодок од далечина за конечни 1-2.

Сега Македонија се подготвува за квалификацискиот дуел против Лихтенштајн, кој ќе се игра в недела, 7 септември, на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 18 часот.

Фото: ФФМ/Игор Паневски

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР ВО ПРАГА

САУДИСКА АРАБИЈА – МАКЕДОНИЈА 2-1 (1-1)

Стадион на Викторија Жижков во Прага. Судија: Д. Стари (Чешка). Стрелци: Ал Брикан 45′, Ал Хамдан 78′ (С) – Трајковски 40′ (М).

Ж. картони: Кано, Ал Сенби, Мајраши (С), Ќамили (М).

САУДИСКА АРАБИЈА: Ал Санби, Ал Насер (46′ Мајраши), Сулајман, Тамбакти, Ал Харби (86′ Ал Муса), Ал Каибари, Кано, Ал Џувајр (78′ Али), Ал Шамат (67′ Ал Хамдан), Ал Брикан (67′ Ал Шехри), Ал Обод (67′ Ал Сахафи).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Деспотовски, Велковски (46′ Илиевски), Серафимов, Муслиу, Алиоски (46′ Ќамили), Алими (60′ Барди), Атанасов, Станковски (60′ Елмас), Трајковски (46′ Растодер), Ристовски (75′ Костадинов).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови