Македонската фудбалска репрезентација има 1-1 на полувреме против Саудиска Арабија на пријателскиот меч што се игра во Прага.
Македонија прва го отвори резултатот на пријателскиот меч со Саудиска Арабија во Прага.
Стрелец беше Александар Трајковски, кој во самиот финиш од првото полувреме уште еднаш потврди зошто важи за мајстор на спектакуларни погодоци. По прецизен центаршут од Деспотовски, нашиот напаѓач со атрактивни „ножички“ ја затресе мрежата на противникот.
Трајковски повторно покажа дека е вистински специјалист за евроголови во националниот дрес, потсетувајќи на своите ремек-дела против Италија во Палермо и против Казахстан пред само неколку месеци.
Непосредно пред одморот, Ферсас Ал Брикан успеа да го израмни резултатот.
Фото: ФФМ/Игор Паневски
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













