Пред пријателскиот натпревар во Прага, Саудиска Арабија – Македонија на стадионот на Викторија Жижков, свој коментар даде и Ељиф Елмас.
Нашиот репрезентативец истакна дека натпреварот ќе биде важен тест за селекцијата и увертира за квалификацискиот меч со Лихтенштајн.
„За нас пријателски натпревари не постојат. Овој дуел ќе ни даде многу, затоа што сите ќе видиме до каде сме и какви подготовки имавме. Играме против сериозен ривал, гледавме снимки од Саудиска Арабија и затоа ќе имаме максимален фокус. Овој меч е одлична подготовка и увертира за дуелот со Лихтенштајн. Имав добри подготовки, чувствувам дека сум подготвен. Овие два натпревари ќе ми значат многу, бидејќи по подолго време повторно ќе настапам во меч со голема важност.
Саудиска Арабија е тим кој игра со многу посед и знае да ја чува топката, па ќе мора да бидеме максимално сконцентрирани. Ние секогаш излегуваме на терен по победа, свесни за квалитетот кој го имаме. Секој настап за Македонија е мотив плус и верувам дека овој пријателски натпревар ќе биде од голема корист за нас”, изјави Елмас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













