
Футсал клубот Форца испиша златна страница во историјата на мак-футсалот! Кумановскиот тим приреди сензација во квалификациите и како првопласиран во својата група обезбеди место во главната рунда од Лигата на шампионите.
На домашен терен, Форца го декласираше ерменскиот Ереван со 5-0, демонстрирајќи апсолутна доминација. Пред тоа, кумановци беа поуспешни и од Енкамп од Андора (4-0), како и од Мурата од Сан Марино (1:0), со што заслужено го освоија првото место во групата А.
Со овој подвиг, македонскиот првак ја продолжи традицијата на успешно претставување на меѓународна сцена. Сега останува да се дознае каква ждрепка ќе им донесе главната рунда и кои европски гиганти ќе им бидат противници.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
