Јувентус со победа ја започна новата сезона во Серија А, совладувајќи ја Парма со 2-0 во Торино. „Бјанконерите“ ја решија дилемата во второто полувреме, на радост на своите навивачи.
Дебитантот Џонатан Дејвид го отвори резултатот во 59. минута, откако претходно Јилдиз и Консеисао пропуштија големи шанси. Канаѓанецот, кој летово пристигна од Лил, се впиша меѓу стрелците уште на својот прв официјален настап.
Иако Јуве остана со играч помалку по исклучувањето на Консеисао, тимот на Игор Тудор веднаш одговори со брза контра. Кенан Јилдиз мајсторски му асистираше на Душан Влаховиќ, кој од непосредна близина ја затресе мрежата за конечни 2-0.
Со овој триумф Јувентус најави силен старт на сезоната. Во второто коло „бјанконерите“ ќе гостуваат кај Џенова, додека Парма ќе ја пречека Аталанта.
„Бергамаските“ пак, не успеаја да слават на првиот меч – одиграа 1-1 против новиот калчолигаш Пиза на домашен терен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш













