Connect with us

Манчестер Јунајтед ќе го доведе наследникот на Тибо Куртоа?

Манчестер Јунајтед интензивно бара ново решение на голманската позиција, бидејќи Андре Онана и Алтај Бајиндир засега не ги оправдаа очекувањата. Како главен кандидат последниве денови сè почесто се споменува 23-годишниот Сен Ламанс, првиот голман на Ројал Антверпен. Според „Goal“, овој трансфер би можел да биде најголемото изненадување на преодниот рок.

Ламанс во изминатите две сезони одигра дури 93 натпревари за Антверпен – 41 минатата и 52 претходната – стекнувајќи големо искуство и покрај младоста. Затоа во Белгија веќе го нарекуваат и наследникот на Тибо Куртоа.

Англиските медиуми пишуваат дека белгискиот голман веќе ги договорил личните услови со Јунајтед, а трансферот би можел да изнесува околу 23 милиони евра.

Статистиката оди во прилог на Белгиецот. Минатата сезона беше најдобар голман во светот во категоријата спасени очекувани голови (xGOT), со импресивни 16,47. Забележа 127 одбрани со успешност од 81,4 проценти, што е подобро од сите голмани во Премиер – лигата. За споредба, Роберт Санчез од Челси беше најдобар во Англија со 76,4 проценти.

Покрај одличните одбрани, Ламанс се истакнува и со играта со нога – еден е од најдобрите по бројот на успешни додавања и кратки пасови, а минатата сезона одбрани и четири пенали. Ваквите настапи му донесоа и прв повик во сениорската репрезентација на Белгија во март годинава.

За Ламанс интерес покажуваат и клубови од Англија, Италија и Франција, но Јунајтед би можел да биде најбрз и да ја заврши работата.


Според белгиските извори, преселбата на „Олд Трафорд“ за младиот голман би претставувала остварување на сонот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови