
Џејдон Санчо се поврзува со изненадувачки трансфер кој никој не можеше да го замисли, откако претходно го одби преминот во Рома во овој преоден рок.
По тоа што минатата сезона ја мина на позајмица во Челси, јасно е дека Санчо ова лето ќе го напушти Манчестер Јунајтед.
Англискиот репрезентативец беше поврзуван со неколку клубови за време на преодниот рок, а Рубен Аморим јасно стави до знаење дека не е во неговите планови за новата сезона.
Санчо е само еден од групата квалитетни фудбалери за кои се очекува дека ќе си заминат од Манчестер Јунајтед до крајот на трансфер периодот. Освен него, многу се зборува и за заминување на Алехандро Гарначо, кој треба да прејде во Челси, како и за Расмус Хојлунд, кој најверојатно ќе замине на позајмица во Милан.
Според најновите информации, кариерата на Санчо би можела да продолжи во европски гигант кој подготвил конкретна понуда за него. Засега единствен официјален контакт со него и Манчестер Јунајтед имала Рома.
Сепак, како што стојат работите, најголемата понуда за Џејдон Санчо ќе пристигне од Германија. Баерн Минхен подготвува офанзива за да го донесе играчот пред крајот на преодниот рок. Тој во Бундес-лигата играше за Борусија Дортмунд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот

Евро-фудбал
Алегри: Не смееме да примаме толку лесни голови
