Connect with us

Тотенхем ќе го урне клупскиот рекорд за да го купи Савињо од Манчестер Сити

Тотенхем го испушти Ечебери Езе, но се активизира во остварувањето на својата нова голема цел. Станува збор за крилниот играч на Манчестер Сити, Савињо. Пред извесно време „граѓаните“ одбија понуда од 50 милиони фунти за Бразилецот, но сега лондонскиот клуб подготвува понуда од 69 милиони фунти (80 милиони евра), што би претставувало клупски рекорд.


Според „Глобо“, агентот на Савињо во моментов е во Англија и води разговори со двата клуба.

Савињо е подготвен на ваков чекор, бидејќи во Тотенхем ќе си обезбеди повеќе натпревари, што е важно во неговата битка за место во селекцијата на Карло Анчелоти за Светското првенство.

Според медиумите на Островот, Томас Франк е голем обожавател на Савињо и неговиот план е Бразилецот да игра на крилната позиција, а Мохамед Кудус да биде преместен со централна улога и да ги преземе функциите на повредениот плејмејкер Џејмс Медисон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови