
Потрагата на Милан по нов напаѓач доби нов пресврт. Откако клубот долго време беше насочен кон Душан Влаховиќ од Јувентус, а минатата недела инсистираше на Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед, сега „росонерите“ се блиску до доведување на Виктор Бонифејс од Баер Леверкузен, пренесуваат бројни извори од Италија и Германија.
Двата клуба се во напредни преговори, а Милан веќе ја испратил својата понуда до „аспирините“. Се очекува предложената зделка – позајмица со опција за откуп вредна околу 30 милиони евра – да биде прифатена од Баер Леверкузен. Самиот Бонифејс веќе постигнал договор со миланскиот гигант и се надева дека трансферот наскоро ќе биде реализиран.
Нигерискиот репрезентативец помина две сезони на „Бај Арена“, а уште во дебитантската стана шампион во Бундес-лигата. На 24 години, тој има одиграно 61 натпревар со 32 гола и 12 асистенции во дресот на тимот од Леверкузен.
Милан сè уште не се откажал целосно од Хојлунд, но инсистира да го донесе на позајмица со опција за откуп, додека данскиот напаѓач бара постојан трансфер или најмалку позајмица со задолжителен откуп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
