Connect with us

Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Барселона доби одлични вести пред својот следен натпревар во првенството против Леванте, откако Роберт Левандовски се врати во тренажниот процес на тимот. Полскиот голгетер го пропушти натпреварот против Комо за трофејот „Жоан Гампер“, како и првиот меч на каталонците во Ла Лига против Мајорка минатиот викенд, но веќе е закрепнат и подготвен за игра.

Според „Мундо Депортиво“, се очекува полскиот напаѓач да биде дел од групата за домашниот натпревар против Леванте во сабота, откако веќе учествуваше на тренинзите со останатите играчи.

Полскиот репрезентативец, кој ќе наполни 37 години овој четврток, ќе има задача да ја продолжи голгетерската форма од минатата сезона. Во сезоната 2024/25 постигна 42 гола на 52 натпревари во сите натпреварувања, со што ја надмина границата од 100 гола во дресот на каталонскиот клуб.

И покрај шпекулациите за можен трансфер во Саудиска Арабија ова лето, Левандовски ќе остане во Барселона барем уште една сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови