Connect with us

Сорлот сака да си замине од Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Александер Сорлот, е незадоволен од својот статус на резервен играч и разгледува можност да го напушти клубот пред затворањето на летниот трансфер прозорец, пишува „Мундо Депортиво“.

Норвежанецот не го крие разочарувањето откако на гостувањето кај Еспањол беше последна опција за замена во нападот, со оглед дека тренерот Диего Симеоне преферираше да ги вклучи Антоан Гризман и новото засилување Џакомо Распадори, иако Сорлот минатата сезона постигна 24 голови, голем дел од нив влегувајќи како резерва.

Од Атлетико, пак, ги негираат овие шпекулации и потенцираат дека Сорлот е важен дел од долгогодишните планови на клубот. Клубот потврдува дека не е поставена цена за трансферот и се повикува на откупната клаузула вредна „стотици милиони евра“.


За Норвежанецот пред една година беа платени 32 милиони евра плус бонуси на Вилјареал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови