
Повредата на Ромелу Лукаку, кој ќе паузира најмалку три месеци поради проблем со бутниот мускул, го натера Наполи повторно да излезе на трансфер-пазарот. Според британските медиуми, актуелниот шампион на Италија сериозно ја разгледува можноста да го ангажира 37-годишниот Џејми Варди.
Англискиот напаѓач е слободен играч по завршувањето на 12-годишната ера во Лестер Сити, а наводно Наполи во него гледа идеално решение на краток рок – искусен стрелец со шампионска титула во Премиер – лигата, над 200 голови во кариерата и познат по својата професионалност и физичка подготвеност.
Иако клубот претходно размислуваше за поскапи имиња како Расмус Хојлунд или Дарвин Нуњез, Варди се наметнува како поевтина и попрактична опција. Тој не би барал обештетување за трансфер, а неговата плата би била далеку пониска од другите потенцијални засилувања.
Таков потег би му овозможил на Наполи да остане конкурентен во Серија А и Европа додека Лукаку закрепнува, без да се врзе за скапа и долгорочна инвестиција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување
