Connect with us

Јован Манев потпишува за Нови Пазар

Македонскиот репрезентативец Јован Манев многу веројатно ќе ја продолжи кариерата во Србија.

Стоперот веќе се наоѓа во Нови Пазар, каде што се очекува да потпише договор со истоимениот клуб. Според најавите, Манев ќе пристигне како позајмен играч од Ријека, со можност за целосен откуп. Српските медиуми јавуваат дека тој веќе е во Нови Пазар, но се чекаат документите од хрватскиот клуб за неговата официјална регистрација.

Главната причина за трансферот е потрага по поголема минутажа, бидејќи во редовите на хрватскиот шампион и освојувач на Купот, Манев главно е резервист.

Тој пристигна во Ријека во февруари оваа година од Адана Демирспор и одигра седум официјални натпревари. Претходно во кариерата настапуваше за Осијек, Брегалница и за својот матичен клуб Осогово.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови