Капитенот на англискиот премиерлигаш Тотенхем, Кристијан Ромеро, потпиша нов договор со клубот, потврди клубот. Новиот договор на 27-годишниот аргентински централен дефанзивец е со важност од четири години.
Ромеро пристигна во Тотенхем во август 2021 година како позајмен играч на една сезона, а следното лето неговиот договор стана постојан.
До денес, тој има одиграно 126 натпревари за лондонскиот клуб, на кои постигна осум голови. Ромеро ја носеше капитенската лента на финалето од Лига Европа против Манчестер Јунајтед, кога успеа да го предводи тимот до првиот трофеј по цели 17 години.
За него постоеше интерес и од шпанскиот клуб Атлетико Мадрид, но новиот менаџер на Тотенхем, Томас Франк, успеа да го убеди искусниот дефанзивец да потпише нов договор до летото 2029 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија













