Наполи е во потрага по нов централен напаѓач кој ќе го замени повредениот Ромелу Лукаку, а на „партенопеите“ им била понудена можност да го ангажираат играчот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, објави „Football Italia“.
Клубот од Неапол ќе остане без Лукаку во наредните неколку месеци, откако беше потврдена неговата повреда здобиена на пријателскиот натпревар со Олимпијакос минатата недела.
Некои опции, како Николас Џексон од Челси, биле оценети како прескапи за тимот на Антонио Конте, па Наполи моментално се насочува кон играч кој има сличен профил со Лукаку.
Данскиот репрезентативец е веќе предмет на интерес од Милан последниве неколку недели, бидејќи Масимилијано Алегри и неговиот тим бараат нов напаѓач кој ќе биде конкуренција на Сантијаго Хименез. „Росонерите“ исто така ја разгледуваат можноста за ангажман на Душан Влаховиќ од Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија













