Connect with us

Реал нуди 25 милиони евра за Конате, но Ливерпул бара многу повеќе

Централниот дефанзивец на Ливерпул, Ибрахима Конате, би може да му се приклучи на Реал Мадрид до крајот на трансферниот прозорец. Сепак, според шпанскиот весник „АС“, „кралевите“ немаат намера да понудат повеќе од 25 милиони евра за играчот, додека „црвените“ сакаат да добијат околу 40 милиони евра.

Според изворот, Ливерпул се плаши од повторување на сценариото со Трент Александер-Арнолд, кој премина во Реал Мадрид како слободен играч. Клубот од „Енфилд“ не исклучува можност „кралевите“ да испратат понуда за Конате во последните денови од летниот трансфер период.

26-годишниот дефанзивец е дел од Ливерпул од летото 2021 година, а неговиот актуелен договор истекува на крајот од оваа сезона.

Со дресот на англиските шампиони, Конате одигра 134 натпревари во сите конкуренции, постигна пет голови и забележа четири асистенции. Неговата пазарна вредност изнесува 60 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови