Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, потврди дека Расмус Хојлунд е една од опциите што раководството на клубот ги разгледува за засилување на нападот.
Со приближувањето на крајот на летниот трансфер-период, големата празнина во составот на Милан е во зоната на централниот напаѓач. Хојлунд е главното име кое се поврзува со клубот, иако постојат одредени сомнежи дали самиот играч ќе даде зелено светло за трансферот.
Во меѓувреме, Таре речиси целосно го трансформираше средниот ред по продажбата на Тијани Рејндерс, со доведување на фудбалери како Самуеле Ричи, Лука Модриќ и Ардон Јашари. Закари Атекаме и Первис Еступињан пак ќе ја засилат бековската линија.
„Хојлунд е добра опција за нас. Го разгледуваме овие денови, но трансфер-пазарот е непредвидлив. Знаеме дека мора да интервенираме на таа позиција и дека тоа мора да бидат играчи кои можат да донесат нешто дополнително на оваа група. Влаховиќ исто така е опција, мора да дојде напаѓач“, изјави Таре по вчерашниот натпревар на Милан во Купот на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија













