
Англискиот премиерлигаш Лидс јунајтед постигна договор со поранешниот напаѓач на Евертон, Доминик Калверт-Луин, кој ќе пристигне на „Еланд Роуд“ како слободен играч. Според „Атлетик“, многу скоро 28-годишниот напаѓач ќе помине медицински прегледи и ќе го потпише својот личен договор.
Калверт-Луин одигра 273 натпревари за Евертон, во кои постигна 71 гол. Раководството на „карамелите“ му понуди нов договор, но по девет години во клубот, тој реши да си замине. Пред да постигне договор со Лидс, Англичанецот одбил понуда од Сандерленд.
Тој е осмото ново засилување на Лидс за ова лето. Другиот напаѓач кој го доведе тимот од Јоркшир е Лукас Нмеча, кој пристигна од Волфсбург.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ и Тотенхем во битка за Суперкупот на Европа
