Денешното гостување на Реал Мадрид во Казахстан ќе влезе во историјата на Лигата на шампионите со нов географски рекорд. Петнаесеткратниот европски првак ќе се соочи со Каират во Алмати – најисточниот стадион на кој некогаш се играл натпревар во групната или елиминациската фаза на натпреварувањето.
Растојанието меѓу Мадрид и Алмати е околу 6.000 километри, а на шпанскиот гигант му беа потребни 12 часа лет за да пристигне на дуелот. За споредба, градот Алмати се наоѓа само на стотина километри од границата со Кина. Ова сепак нема да биде единствениот географски рекорд вечерва – натпреварот меѓу Бодо/Глимт и Тотенхем ќе се одигра на најсеверниот стадион во историјата на ЛШ, при очекувана температура од само 11 степени. Интересно е дека овие два тима се сретнаа и минатата сезона, но во Лига Европа, кога Тотенхем ги елиминира Норвежаните во полуфиналето.
Во меѓувреме, според пресметките, разликата во пазарната вредност меѓу составите на Каират и Реал Мадрид е исто така рекордна за турнирот – шпанскиот клуб е поскап за неверојатни 1,38 милијарди евра. Претходниот рекорд беше поставен минатата сезона кога Манчестер Сити играше против Слован Братислава, а уште поинтересно е тоа што „граѓаните“ се појавуваат дури деветпати во топ 10 на оваа листа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













