Connect with us

Ливерпул го продава Конате до крајот на летниот преоден рок?

Ливерпул планира во наредните денови да му понуди нов договор на францускиот дефанзивец Ибрахима Конате. Според „Марка“, ако стоперот одбие, клубот е подготвен да го продаде уште до крајот на летниот преоден рок, за да избегне ситуација како со Трент Александер-Арнолд, кој не го продолжи договорот и потоа како слободен агент прејде во Реал Мадрид.

Договорот на Конате истекува следното лето, а шпанскиот медиум тврди дека на „Енфилд“ се свесни оти веќе имало контакти меѓу играчот и Реал, па дури и дека можеби постои некаков преддоговор за негов трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ следната година.

Во наредните денови Ливерпул ќе се обиде да ги финализира трансферите на двајца централни дефанзивци – капитенот на Кристал Палас, Марк Гехи, и талентираниот Џовани Леони од Парма. Клубот ќе направи сè за да го убеди Конате да потпише нов договор, но ако тоа не се случи сега, нема да дозволи сагата да се одолговлекува.

За Конате интерес покажуваат и Пари Сен Жермен и Барселона, а последните денови се појавија шпекулации дека и Челси би можел да испрати понуда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови