
Остануваат само неколку дена до стартот на Ла Лига за сезоната 2025/26, а суперкомпјутерот на „Опта“ веќе ги објави своите прогнози, според кои Барселона има 46,5% шанси да ја одбрани титулата.
Реал Мадрид доби 32,1% веројатност за освојување на првото место и 28,7% за второто, што според анализата на вештачката интелигенција на „Опта“ го позиционира „кралскиот клуб“ зад Барселона. Атлетико Мадрид е трет фаворит со 11,7% шанси за титулата.
Интересна е и прогнозата за битката за четвртото место, кое носи пласман во Лигата на шампионите. Последните сезони оваа трка беше неизвесна до самиот крај – минатата година го освои Атлетик Билбао, а сезоната 2023/24 тоа го направи Џирона. За новата кампања, „Опта“ го гледа Вилјареал како фаворит со 13,8% шанси, додека Баскијците имаат 13,2%. Единствената промена во топ 5 според минатата сезона е замената на позициите меѓу Атлетик и Вилјареал.
Во однос на местата за Лига Европа, тимот на Мануел Пелегрини е проектиран на шестата позиција, што би било шесто последователно учество во европските купови. Севилја има само 0,9% шанси за титула, но најголеми изгледи да заврши на петтото, шестото или седмото место. Зад нив се Осасуна и Селта Виго, кои веројатно ќе се борат за Европа до крајот на сезоната.
Кога станува збор за испаѓање, „Опта“ е прилично јасна – трите новајлии од Секунда, Леванте, Елче и Овиедо (по тој редослед) се очекува веднаш да се вратат во втората лига. Севилја е проектирана блиску до зоната за испаѓање, што најавува тешка борба за опстанок за тимот на Матијас Алмеида. Хетафе на Жозе Бордалас е на самата граница на опасната зона.
Како работи суперкомпјутерот на „Опта“?
Моделот пресметува веројатности за секој можен исход од натпреварите (победа, реми или пораз) користејќи ги коефициентите на обложувалниците и Power Ranking системот на „Опта“. Овие податоци се базираат на историските и неодамнешните резултати на тимовите. Потоа, шампионатот се симулира 10.000 пати за да се добијат конечните прогнози за секој клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ и Тотенхем во битка за Суперкупот на Европа
