Connect with us

Црвена Звезда го елиминира Лех и против сензацијата Пафос ќе игра за влез во групите на ЛШ

Шампионот на Србија, Црвена Звезда, обезбеди пласман во плеј-офот на Лигата на шампионите, ремизирајќи 1-1 со Лех на реваншот во Белград. Сепак, Звезда благодарение на вкупниот резултат (2-4) поради триумфот во Полска (1-3) оди чекор напред.

Белграѓани доминираа во првото полувреме и поведоа во судиското надополнување, кога најдобриот стрелец од минатата сезона, Шериф Ендиаје, беше прецизен од пенал.

Сепак, ситуацијата се закомпликува во 57. минута — Бразилецот Родригао доби директен црвен картон, па домаќините беа принудени да се бранат. Притисокот на Полјаците вроди со плод во 93. минута, кога Микаел Ишак израмни на 1-1, но тоа не беше доволно за да им го одземе билетот за следната рунда.

Во плеј-офот, Звезда ќе се соочи со сензацијата на сезоната, кипарскиот Пафос, кој во оваа фаза го елиминираше Динамо Киев. Место во последната елиминациска рунда обезбеди и Бенфика, која со уште една победа од 2-0 ја исфрли француската Ница.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови