Англискиот премиерлигаш Тотенхем го бара наследникот на Хјонг – Мин Сон и изборот падна на крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Савињо.
Тој минатото лето пристигна во Сити од францускиот клуб Троја, кој исто така е во сопственост на “City Football Group“.
Неговата кариера почна да расте во Шпанија, поточно во Џирона каде беше на позајмица во сезоната 2023/24 и се истакна со девет голови и десет асистенции во Ла Лига, што привлече внимание од бројни големи европски клубови.
Во својата прва сезона на „Етихад“ одигра 48 натпревари во сите натпреварувања, постигна три гола и забележа 13 асистенции. Особено се истакна во Премиер – лигата како асистент, со осум успешни додавања за гол.
Сепак, поради силната конкуренција во нападот, неговата минутажа не беше стабилна.
Според извештаи од Англија, Тотенхем понуди 50 милиони евра, двојно повеќе од сумата што Сити ја плати минатото лето, но „граѓаните“ ја одбија понудата и бараат повисока отштета.
Новиот менаџер на Тотенхем, Томас Франк, го гледа Савињо како идеален наследник на Сон — играч кој може да настапува на двете крила, со брзина, техника и чувство за завршница.
Савињо има договор со Манчестер Сити до летото 2029 година. Клубот од Манчестер не е под финансиски притисок да го продаде, што дополнително го отежнува трансферот за Тотенхем.
Сепак, бразилскиот играч е отворен за трансфер бидејќи бара повеќе минути и поважна улога, што Тотенхем може да му ги понуди. Неговата способност да игра на повеќе офанзивни позиции го прави особено атрактивно засилување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













