Connect with us

ПСЖ го претстави новиот голман

Голманот Лукас Шевалие и официјално се приклучи на редовите на францускиот шампион Пари Сен Жермен. Веста беше потврдена од парискиот клуб, кој минатата сезона ја освои и својата прва титула во Лигата на шампионите.

Шевалие пристигнува од Лил и ќе го носи дресот со број „30“. Договорот со ПСЖ е потпишан на пет години и ќе важи до летото 2030 година.

Според медиумите, трансферот е вреден околу 40 милиони евра, а 23-годишниот Французин се смета за наследник на италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, кому му останува уште една година од договорот со ПСЖ.

„Јас сум дете кое го остварува својот сон. Уште од мал сакав да играм на највисоко ниво“, изјави Шевалие по реализација на трансферот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови