Connect with us

Меѓусебен тест на младите во Дојран: Фазлагиќ донесе победа за „црвените“

Младите репрезентативци на Македонија до 21 година денеска во Дојран одиграа меѓусебен тест дуел во рамките на подготвителниот камп на кој селекторот Добринко Илиевски ќе одбира за следниот квалификациски циклус. Во пресметката меѓу два одбрани тима победи „црвениот“ против „белиот“ од 2-1 благодарение на двата погодоци на Енис Фазлагиќ во второто полувреме. Фазлагиќ погоди во 54. и во 71. минута откако претходно „белите“ поведоа со голот на Марио Наумоски од ФК Победа во 29. минута од пенал.

На кампот во Дојран, Добринко Илиевски повика 25 фудбалери, главно од домашната фудбалска сцена. Од првично поканетите присуство на кампот откажаа голманот Ристе Јанков, како и Агрон Руфати, Бојан Колевски, Дарко Чурлинов и Ердон Даци.
ТЕСТ ДУЕЛ – У21
„ЦРВЕНИ“ – „БЕЛИ“ 2-1 (0-1) Тренинг центар Истатов во Дојран. Стрелци: Фазлагиќ 54′, 71′ (Ц); Наумоски 29′(п) (Б). „ЦРВЕНИ“: Филип Трајчевски, Ване Јованов, Нехар Садики, Филип Антовски, Есмин Личина, Анес Османоски, Кристијан Трапаноски, Енис Фазлагиќ, Дарко Додев, Никола Богдановски, Марио Крстовски. Уште играше: Марко Ѓорѓиевски „БЕЛИ“: Кристијан Стевковски, Филип Трајановски, Денис Стошиќ, Стефан Наумчевски, Стефан Богдановски, Кристијан Ефтимов, Томче Гроздановски, Мартин Стојанов, Марио Наумоски, Бенјамин Мустафиќ, Иван Андонoвски. Уште играа: Благојче Иванов и Бесник Ферати

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови