
Саудискиот гигант Ал-Хилал го идентификуваше напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, како главна трансферна цел за засилување на нападот и веќе ги интензивира преговорите за негов ангажман.
26-годишниот уругвајски репрезентативец и претходно беше поврзуван со заминување на Блискиот Исток – во јануари интерес покажа Ал-Наср, но без успех. Сега, по пропаднатиот обид за Виктор Осимен кој се пресели во Галатасарај, како и поради недостапноста на Исак и Шешко, Ал-Хилал целосно го насочи фокусот кон Нуњез.
Според извори блиски до преговорите, клубот од Ријад веќе активирал внатрешни механизми за забрзување на процесот. Иако Ливерпул сè уште не добил официјална понуда, интересот е јасно изразен, а подготовките за трансферот во Саудиска Арабија се веќе во тек. Се верува дека Нуњез е отворен за ваков чекор доколку разговорите меѓу клубовите напредуваат.
Тренерот на Ал-Хилал, Симоне Инзаги, го гледа Уругваецот како идеален играч за неговата офанзивна визија. Да потсетиме, Нуњез пристигна на „Енфилд“ од Бенфика во 2022 година за сума што со бонуси достигнуваше и до 100 милиони евра.
Минатата сезона, тој настапи на 47 натпревари во сите натпреварувања, но постигна само седум голови и започна како стартер во само осум меча во Премиер – лигата. Во меѓувреме, Ливерпул веќе донесе нов напаѓач – Хуго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт – што дополнително ги подгрева шпекулациите за заминување на Нуњез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Патрик Шик во Баер Леверкузен до 2030 година

Прва лига
Никола Величковски ја засили Брера

Евро-фудбал
Барса ја наполни мрежата на Даегу (ВИДЕО)
