
Бешикташ категорично демантира дека ќе се раздели со тренерот Оле Гунар Солскјер. Претходно се шпекулираше дека раководството размислува за тренерска смена по елиминацијата од квалификациите за Лига Европа, каде турскиот клуб беше убедливо совладан од Шахтјор Доњецк со вкупни 2-6.
Како главен фаворит за наследник на Солскјер се споменуваше Нури Шахин, но клубот реагираше официјално:
„Извештаите во печатените и електронските медиуми, повикувајќи се на странски извори, за наводна разделба со нашиот тренер Оле Гунар Солскјер и потпишување со Нури Шахин – се неточни“, стои во соопштението на истанбулскиот клуб.
Следен предизвик за Бешикташ е пласман во групната фаза од Конференциската лига, каде во квалификациите ќе се соочи со ирскиот Сент Патрикс. Воедно, клубот го започнува настапот во новата сезона од турската Суперлига со гостување кај Кајсериспор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Патрик Шик во Баер Леверкузен до 2030 година

Прва лига
Никола Величковски ја засили Брера

Евро-фудбал
Барса ја наполни мрежата на Даегу (ВИДЕО)
