Connect with us

Тажен ден за Тотенхем: Хјонг-Мин Сон кажа „збогум“, Џејмс Медисон се повреди

Хјoнг-Мин Сон го одигра својот последен натпревар во дресот на Тотенхем токму во својата родна Јужна Кореја, со што стави крај на десетгодишната епизода во редовите на лондонскиот клуб.

Како миленик на домашната публика, беше испратен со громогласни аплаузи од трибините кога беше заменет за време на пријателскиот меч против Њукасл, кој заврши без победник (1-1).

Најголемата фудбалска ѕвезда од Азија во последната деценија останува без договор следното лето, но веќе оваа летна пауза ќе го напушти клубот, по вкупно 454 настапи за лондонскиот гигант. Од Тотенхем се простува како капитен кој во мај го подигна трофејот од Лигата на Европа.

Сон пристигна во Тотенхем на 23-годишна возраст и во текот на овие десет години стана еден од клучните играчи, особено по заминувањето на главната ѕвезда Хари Кејн.

Покрај заминувањето на еден од најомилените фудбалери, навивачите на Тотенхем добија нова причина за загриженост – Џејмс Медисон се повреди по дуел со Еланга и заврши на тревата. Медицинскиот тим веднаш реагираше, а англискиот репрезентативец беше изнесен од теренот со носилки.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови