
Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, откри дека официјално побарал трансфер од клубот. Нигерискиот репрезентативец инсистира на преселба во Интер, но засега неговиот клуб не попушта, откако одби две понуди од миланскиот гигант. Втората понуда изнесувала 42 милиони евра плус уште 3 во бонуси, но од Бергамо бараат вкупно 50 милиони.
Во подолг пост на социјалните мрежи, Лукман изрази незадоволство од третманот во Аталанта, велејќи дека е разочаран и како личност и како професионалец. Тој истакна дека добивал празни ветувања со месеци и дека не ја разбира одлуката на клубот да го блокира трансферот.
„Сметам дека веќе е доста. Немам друг избор освен да проговорам за она што ми изгледа исправно. Потврдувам дека поднесов барање за трансфер. Се надевам дека заедно со клубот ќе најдеме решение што е можно поскоро“, напиша Лукман.
Лукман е дел од Аталанта веќе три години, период во кој постигна 52 гола и забележа 25 асистенции на 188 натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул му понуди нов договор на Конате
