Италијанскиот калчолигаш Јувентус конечно ја намалил цената за Душко Влаховиќ и 25 милиони евра, Како што пренесува „Газета дело Спорт“, би биле доволни за напаѓачот да го напушти Торино. Оваа одлука е донесена бидејќи Влаховиќ не е повеќе во плановите на Игор Тудор, а клубот не сака да го изгуби без обештетување следното лето.
Во исто време, во Милано се водат сериозни преговори за засилување на нападот. Дури се споменувал и обид да се донесе Дарвин Нуњез од Ливерпул, но тоа е многу поскапо и потешко за реализирање. Затоа, трансферот на Влаховиќ сѐ уште е приоритет, бидејќи тој се вклопува во плановите на „росонерите“ и финансиски е поисплатлив.
Милан наводно подготвува пакет понуда: покрај дел од парите, ќе испратат и двајца фудбалери во Торино, дефанзивецот Малик Тијао, кој веќе е на радарот на Јувентус, и Јасин Адли, кој по позајмицата во Фиорентина бара нов клуб.
Сепак, главната пречка останува платата. Влаховиќ моментно заработува околу 12 милиони евра годишно и ќе треба да се согласи на намалување на платата за да се реализира трансферот. На „Сан Сиро“ веруваат дека српскиот напаѓач може да ја прифати понудата, особено ако добие улога на прв напаѓач во тимот на Стефано Пиоли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













