
По долга трансферна сапуница и неизвесност околу неговата желба да се пресели во Турција, Виктор Осимен конечно стана нов играч на турскиот гигант Галатасарај.
Нигерискиот напаѓач ќе ги носи боите на истанбулскиот клуб од новата сезона и со тоа става крај на сите шпекулации.
Осимен доаѓа од Наполи за 75 милиони евра, откако претходно беше на позајмица во истиот клуб.
Нигериецот синоќа слета во Истанбул, каде што беше пречекан од илјадници навивачи на Галатасарај и веќе го даде своето прво интервју пред финализирањето на неговиот постојан трансфер од Наполи.
„Не знам со какви зборови да го опишам ова чувство. Прекрасно е што се враќам. Погледнете ја толпата, погледнете ги луѓето што го следеа мојот лет. Дома сум, ова е местото каде што сакам да бидам. Среќен сум што сум тука, што се враќам таму каде што се чувствувам како дома – и јас, и моето семејство, и моите пријатели. Сакам да му се заблагодарам на претседателот на Галатасарај, на потпретседателот, на Џорџ Гарди, на Окан Бурук, на сите кои се погрижија да се вратам дома. Сакам да им упатам огромна благодарност и на навивачите, кои се бореа, кои ме сакаа во клубот, исто како што и јас ги сакам нив. Среќен сум што сум тука. Историјата продолжува и среќен сум што ја продолжувам со Галатасарај“, изјави Осимен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Славчо Војнески нов тренер на саудискиот Ал-Оробах

Евро-фудбал
Пауло Дибала останува во Рома и во новата сезона

Евро-фудбал
Тотенхем го врати Жоао Палиња во Премиер-лигата

Евро-фудбал
Шешко е блиску до трансфер на “Олд Трафорд”
