Арсенал започна преговори со Кристал Палас зa трансферот на Еберечи Езе, пренесува „Скај Спортс“. Сепак, од „Селхарст Парк“ биле јасни, доколку Арсенал сака да го добие фудбалерот, мора да ја активира неговата ослободителна клаузула во висина од 60 милиони фунти или барем да достави понуда што ќе се доближи до таа сума.
Во случај на алтернатива, Кристал Палас бараат најмалку 35 милиони фунти веднаш, уште летово, а останатата сума на рати.
Езе, кој силно го посакува трансферот на „Емирати“, е позитивно расположен за премин кај „топчиите“, а понуда од Арсенал надвор од клаузулата се очекува наскоро.
Минатата сезона, офанзивецот блесна во дресот на Кристал Палас, постигна осум голови и забележа осум асистенции во 34 меча во Премиер – лигата. Имаше и клучна улога во освојувањето на ФА Купот, кога го постигна победничкиот гол во финалето против Манчестер Сити.
Летово, Арсенал веќе има потрошено речиси 225 милиони евра за засилувања, а евентуалниот трансфер на Еберечи Езе би можел да ја зголеми оваа сума на речиси 300 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













