Connect with us

Баерн Минхен го промовираше Луис Дијаз (ФОТО)

Баерн Минхен официјално го ангажира крилниот играч Луис Дијаз. 28-годишниот Колумбиец пристигнува од Ливерпул за сума од 67,5 милиони евра, која со бонуси може да достигне до 75 милиони евра.

Договорот на Дијаз со германскиот шампион ќе трае до летото 2029 година, а тој ќе го носи дресот со број „14“.

„Многу сум среќен, за мене е огромна чест што сум дел од Баерн – еден од најголемите клубови во светот. Ќе се обидам да му помогнам на тимот со мојот стил на игра и мојот карактер. Целта ми е да освоиме сè – и секојдневно ќе работиме на тоа како тим“, изјави Луис Дијаз за официјалниот сајт на клубот.

Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, изјави:

„Луис Дијаз е искусен играч со извонреден квалитет, фантастични способности и голема сигурност. Тој веднаш ќе му помогне на нашиот тим. Среќни сме што успеавме да го донесеме во Минхен. Трансфери од ваков калибар се случуваат само кога сè се совпаѓа совршено. Навивачите може да очекуваат исклучителен фудбалер.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови