
Интер испратил нова понуда за ѕвездата на Аталанта, Адемола Лукман. Понудата на „нероаѕурите“ изнесува 42 милиони евра, плус дополнителни 3 милиони во форма на бонуси.
Сепак, „бергамаските“ инсистираат на 50 милиони евра за нигерискиот репрезентативец.
Лукман во октомври ќе наполни 28 години, а неговиот договор со Аталанта важи до јуни 2027 година. Тој беше откупен од Лајпциг во 2022 година за 10,85 милиони евра плус 1,5 милиони евра бонуси. „Биковите“ имаат право на процент од следниот негов трансфер.
Претставниците на Лукман повторно му пренеле на раководството на Аталанта дека Африканецот сака да си замине.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Тотенхем: Соланке опериран
