
Легендата на Баерн Минхен, Томас Милер, ќе ја продолжи својата кариера во Ванкувер Вајткепс. Според пишувањата на „Билд“, 35-годишниот напаѓач постигнал договор со канадскиот клуб. Договорот ќе стапи на сила на 1 август и ќе важи до крајот на 2026 година.
Интерес за Милер имал и тимот на ФК Лос Анџелес, но американскиот клуб не успеал да постигне договор со него.
Ванкувер ќе плати 400.000 евра на Синсинати, клубот кој ги поседува правата на германската легенда во рамките на МЛС-лигата.
Поранешниот германски репрезентативец ја мина целата досегашна кариера во Баерн Минхен, за кој постигна 292 голови и запиша 281 асистенција на вкупно 844 натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski