Црвена Звезда без проблеми го заврши двомечот со Линколн Ред Импс и обезбеди пласман во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. По сигурната победа на домашен терен со 5-1, белградскиот тим претходно славеше и на гостувањето во Гибралтар со 1-0, потврдувајќи ја улогата на фаворит.
Натпреварот на „Маракана“ беше обележан со инциденти меѓу навивачите и полицијата, но тоа не ги засени добрите вести за тимот, кој сега има гарантирана европска есен – дури и во најлошо сценарио ќе игра во групната фаза на Конференциската лига. Дебитантски настап запиша и Марко Арнаутовиќ, едно од најголемите имиња што пристигнаа во српскиот фудбал ова лето.
Во другите квалификациски пресметки, Копенхаген без многу мака го елиминираше косовскиот претставник Дрита со две победи (1-0 и 2-0), додека Каират направи подвиг, успевајќи да ја анулира негативата од 0-2 против Купс со убедлив триумф од 3-0 на реваншот.
Зрињски со реми (2-2) се прости од натпреварувањето против Слован Братислава, откако на првиот меч беше поразен со 4-0. Сигурен беше и Динамо Киев, кој по првата победа со 2-0, со ист резултат го доби и вториот натпревар против Хамрун од Малта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













