
Реал Мадрид подготвува значителни промени во срцето на одбраната и веќе не смета сериозно на услугите на Антонио Рудигер и Дејвид Алаба. Иако двајцата беа донесени како засилувања без обештетување и се вклопија во политиката на клубот за привлекување слободни играчи, нивниот статус драстично се сменил во последните месеци.
Рудигер, кој често беше критикуван за слабите партии на Светското клупско првенство, и Алаба, кој постојано се соочува со повреди, веќе не уживаат поддршка од новиот стручен штаб предводен од Чаби Алонсо. Оценката е дека двајцата не се долгорочно решение за клубот, особено поради нестабилната форма и физичките проблеми.
Реал нема намера да им понуди продолжување на договорите, кои истекуваат во јуни 2026, и е подготвен да ги пушти уште ова лето, доколку се појави клуб со соодветна понуда. Според информациите, финансиските барања за нив не се високи, што дополнително ги прави привлечни за други заинтересирани екипи.
„Кралскиот клуб“ веќе работи на иднината, имајќи во предвид и подмладување на дефанзивната линија со нови имиња, а разделбата со Рудигер и Алаба се чини како логичен следен чекор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Тотенхем: Соланке опериран
