
Фудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза, ја одбил можноста да се пресели во Фенербахче, пренесуваат италијанските медиуми. Наместо тоа, желбата на 26-годишниот напаѓач е да се врати во Серија А, каде што би имал поголема минутажа и можност повторно да се наметне во италијанската репрезентација.
Киеза веќе е понуден на неколку врвни клубови од Италија, Наполи, Милан, Аталанта и Рома. Тој се надева дека токму некој од овие тимови ќе му овозможи нов почеток на домашно тло.
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, дополнително ги засили шпекулациите околу неговото заминување откако не го вклучи Киеза во списокот за летната азиска турнеја. Тоа беше јасен показател дека холандскиот стратег нема да смета на поранешниот член на Јувентус.
Киеза пристигна на „Енфилд“ минатото лето за сума од 15 милиони евра, а се шпекулира дека Ливерпул е подготвен да го пушти за идентична отштета. Во сезоната 2024/25 одигра 14 натпревари во сите конкуренции, но само четири од нив ги почна како стартер. Постигна два гола и запиша една асистенција, а покрај сè, доби и златен медал по освојувањето на Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе

Втора лига
Тетекс доведе четири нови засилувања

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички

Втора лига
Коста Манев, големо засилување за Беласица
