
Челси е пред финализирање на трансферот на дефанзивецот Јорел Хато од Ајакс. Двата клуба се во завршна фаза од преговорите и во следните часови се очекува да биде постигнат договор за сума од околу 40 милиони евра.
Лондонскиот клуб веќе ги усогласи личните услови со 19-годишниот Холанѓанец, кој има 111 настапи за првиот тим на Ајакс и минатата сезона ја носеше капитенската лента.
Хато најчесто игра како лев бек, но може да настапува и како централен дефанзивец. Тој веќе има запишано и шест настапи за националниот тим на Холандија.
Овој трансфер ќе ја продолжи серијата на големи инвестиции на Челси во летниот преоден рок. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ досега потроши речиси 250 милиони евра за засилувања како Џејми Биноа-Гитенс, Жоао Педро, Лијам Делап, Естевaо, Дарио Есуго и Мамаду Сар. Со ангажманот на Хато, оваа бројка ќе се приближи до 300 милиони евра. Следна цел треба да биде и Чави Симонс од Лајпциг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal
