
Претседателот на Интер, Џузепе Марота, изјави дека клубот мора да ја финализира аквизицијата на напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, во текот на оваа недела, во спротивно ќе се повлече од преговорите.
Шпекулациите околу трансферот на нигерискиот репрезентативец, роден во Лондон, траат подолго време, но засега двата клуба не постигнале договор. Според информациите на „Газета дело Спорт“, Интер веќе испратил понуда од 40 милиони евра, која била одбиена од Аталанта, а клубот од Бергамо побарал 50 милиони евра.
„Оваа недела е клучна за трансферот на Лукман. Ние го сакаме и активно преговараме со Аталанта. Го почитуваме нивното мислење, но ако во следните два-три дена не успееме да постигнеме договор, ќе мора да се повлечеме и да се насочиме кон други наши цели“, изјави Марота.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal
