
Белгискиот Клуб Бриж ја одбил и најновата понуда на Милан за плејмејкерот Ардон Јашари. Тој е швајцарски репрезентативец, но има потекло од Македонија, од Кумановско.
„Росонерите“ доставиле предлог вреден 33,5 милиони евра плус бонуси, но Белгијците бараат вкупно околу 40 милиони и не ја прифатиле понудата.
Иако Јашари веќе постигнал договор за личните услови со Милан, клубовите засега не успеваат да постигнат финансиски компромис.
Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, потврди дека е испратена нова понуда, но додаде дека италијанскиот клуб нема намера да нуди повеќе. Според белгиските медиуми, јавните изјави на Таре го налутиле раководството на Бриж и веројатно влијаеле врз одлуката за одбивање на понудата.
Јашари, кој има 52 настапи, четири гола и шест асистенции за Бриж од неговото пристигнување минатата година, не беше во составот за мечот против Генк во првото коло од белгиската лига (победа 2-1). Тој веќе има и четири настапи за репрезентацијата на Швајцарија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal
