
Летниот преоден рок полека се „загрева“ и се очекува во наредните недели да се случат неколку спектакуларни трансфери. Еден од нив го договараат ПСЖ и Реал Мадрид, и се чини дека наскоро може да дојде до договор.
ПСЖ минатата сезона конечно успеа да ја освои Лигата на шампионите и под водство на Луис Енрике тимот играше навистина фантастично.
Сепак, поразот во финалето на Светското клупско првенство од Челси покажа дека и Парижаните имаат свои слабости, па Енрике сака да го искористи преодниот рок за да ги реши тие проблеми.
Иако на располагање има одличен тим, шпанскиот стратег сака пред почетокот на новата сезона да донесе неколку засилувања, а се појави информација дека едно од нив би можело да биде и играч на Реал Мадрид.
Станува збор за Едуардо Камавинга, за кого Енрике е сериозно заинтересиран и веќе им дал до знаење на челниците на ПСЖ да направат сè што можат за да го доведат францускиот репрезентативец. Тие веќе започнале со активности.
Според шпанскиот портал „Дефенсива Централ“, ПСЖ веќе стапил во контакт со Реал за да се распраша за Камавинга и добил позитивен одговор – односно дека продажбата не е невозможна.
Камавинга во последните сезони имаше доста проблеми со повреди и во Реал се загрижени околу тоа, па сакаат да го искористат интересот на ПСЖ за да го продадат играчот за што е можно повеќе пари.
Реал нема ништо против продажбата на Камавинга, доколку ПСЖ испрати добра понуда, а воедно тоа би било и шанса да доведат нов играч од средниот ред кој ќе биде по вкусот на Чаби Алонсо.
Се наведува дека и Чаби Алонсо дал зелено светло за трансферот на Камавинга, бидејќи ни тој не бил премногу импресиониран од тоа што францускиот играч го покажал во последните недели откако тој е на клупата.
Камавинга има договор со „кралевите“ до летото 2029 година, а наводно Реал би го пуштил да замине за 60 милиони евра – сума што сигурно не претставува проблем за ПСЖ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
