
Интер беше на прагот да донесе големо засилување од Аталанта во ликот на крилниот напаѓач Адемола Лукман, но утринава од Италија пристигнуваат „бомбастични“ вести дека Наполи „влетал“ во целата приказна и е подготвен да му го преземе одличниот Нигериец на миланскиот клуб.
Лукман е и на радарот на Атлетико Мадрид, но наводно повеќе сака да остане во Италија.
Аталанта претходно оваа недела ја одби понудата на Интер од 40.000.000 евра за Лукман, бидејќи бара 50.000.000 евра. Се очекуваше продолжение на преговорите и договор некаде на средина, но сега се појави Антонио Конте.
Наполи е подготвен да плати обештетување помеѓу 45 и 50 милиони евра, а негов адут во однос на Интер е тоа што му нуди на Лукман плата поголема за еден милион евра.
Интер веќе му обезбедил 16.000.000 евра по сезона, но Наполи нуди 17.000.000.
Ова најверојатно значи и дека Наполи се откажал од Дани Ндој од Болоња.
Наполитанците минатата сезона веќе му зададоа тежок удар на Интер и му го „украдоа“ Скудетото во финишот на сезоната, а сега би можеле да го „дотолчат“ со Лукман.
Со Нигериецот во составот и останатите веќе пристигнати засилувања, тешко дека некој би можел да го сопре Наполи на патот кон одбрана на титулата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
