 
																												
														
														
													Сагата околу иднината на Хакан Чалханоглу продолжува со нов пресврт.
Жозе Мурињо инсистира Фенербахче да го доведе турскиот репрезентативец, иако досега најголемиот интерес за плејмејкерот доаѓаше од големиот ривал на „жолто-сините“ – Галатасарај.
Според „Газета дело Спорт“, Фенербахче веќе официјално се вклучува во трката за потписот на Чалханоглу и дури се подготвени да понудат 20 милиони евра. Интер е подготвен да се раздели со 31-годишниот плејмејкер, но само ако добие околу 30 милиони евра.
Фенербахче се решени да го убедат Чалханоглу не само со финансиски услови, туку и со централна улога во тимот – ако се реализира трансферот, на играчот ќе му биде понудена капитенската лента.
Оваа вест доаѓа само еден ден откако спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио, истакна дека Чалханоглу „никогаш не изразил желба да го напушти клубот“, и покрај контактите со Галатасарај.
Судирот меѓу двата истанбулски гиганти за потписот на поранешниот играч на Милан и Баер Леверкузен се наметнува како еден од најтензичните моменти во летниот трансфер период.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														